https://www.flickr.com/photos/robert_wakeford/446325064/in/photolist-FrwTJ-PrN13G-Adw95o-BZzXia-2dbiyyK-dyYpMz-29WVe6b-wnEdj-QRg4Wu-s5EMPE-Sx7ftf-XQsEuS-diVZzk-4UVKRr-4UZZkW-7SmDx1-4UVM9P-XSE8kL-93Hi2S-4V11gW-4UVHze-8bP1j-2iq2y9e-2hCf2Ss-2icXvwx-RQWUY-2a5qvCK-4hrXT-jfUx2w-8J4MhS-qpHUkB-2f88kkJ-2f88kij-2hpiKqR-2hjeJ4p-r7n3xm-2kDKsbX-2fB41i5-RzZAe8-4UVK2g-4UZWHS-2dbDUxx-4UVLv2-qQnoN4-QS7422-2dKQHpo-2hLbQUJ-WwL28b-6qBBJT-2i1HmtA

01.10.2022 Скопје

Русија денес употреби вето за да спречи усвојување на резолуција на Советот за безбедност со која се осудува анексијата на четирите украински региони, додека Кина и уште три други држави беа воздржани.

Американската претставничка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, ја претстави резолуцијата со која ги повика земјите членки да не признаваат никаков изменет статус во Украина, и побара од Русија да ги повлече своите трупи од тие области.

Текстот кој беше подготвен од Соединетите Американски Држави и Албанија добија десет гласа, а Кина, Индија, Бразил и Гибон, беа воздржани. Русија беше единствена која гласаше против резолуцијата.

Вашингтон даде сигнал дека текстот по Советот за безбедност ќе биде наметнат и на Генералното собрание, каде ниедна од 193 држави членки нема право на вето. Русија денес анектираше четири украински територии, и овој потег наиде на голема осуда од западните земји.

Подготвено од М.Н.

About Author