05.10.2022 Скопје
Американските власти соопштија дека немаат аргументи за да потврдат дека Русија се подготвува да употреби тактичко нуклеарно оружје во близина на бојното поле во Украина.
Лора Купер, која е заменик помишник секретар за одбрана, изјавила дека видела само извештаи од отворен код, но тоа не значи дека Русија ке употреби нуклеарно оружје за напад на Украина.
Потпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјавила дека нема никаква причина за да ја приспособат сопствената стратешка нуклеарна позиција, ниту пак гледа некакви индикации од страна на Русија дека се вршат такви подготовки.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја ескалираше војната во Украина со маредбата за делумна воена мобилизација, туркањето на нелегалната анексија на четирите региони од Украина и со ветувањето дека ќе ја брани Русија и руската територија со сите средства кои ги има на располагање, а тоа би значели дека тука спаѓа и нуклеарното оружје.
Коментари од официјални лица дојдоа откако се прошири веста дека на 3-ти октомври Путин ке изврши нуклеарна проба на границата со Украина, од тука дојде и предупредување од НАТО до своите земји членки за овој тест на рускиот претседател, Владимир Путин.
Подготвено од М.Н.