28.10.2022 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија од западните сили го брани своето право да постои.
Путин ги осуди Американците и Западот дека сакаат да ја избришат од картата Русија, обвинувајќи ги САД и нивните сојузници, дека се обидуваат да им диктираат услови на другите земји во опасна и крвава игра за да бидат тие доминантни.
Рускиот претседател Путин, ја истакна западната поддршка за Украина, како дел од пошироките напори на Вашингтон и неговите сојузници да наметнат светски поредок, заоснован на правила кои во суштина потикнуваат само хаос.
Путин додаде, дека Русија не е непријател на Западот, но ќе продолжи да се спротивставува на диктатурата која е наметната од западните неолиберални елити.
Подготвено од М.Н.