https://www.flickr.com/photos/194127269@N05/52046500790/in/photolist-2niaVpU-2kZBQuN-2hXXsQj-TAY4KT-2hXBy8S-frb37d-frb35o-fqVLXr-CisSq3-8zdv7r-8zdLiX-8zgNAE-8zgMBs-TJ3ym5-LAn1LS-rNc2Wb-8zgFnL-2mjnppQ-2iA8QCQ-2mPcVnq-Boo7fT-fqVLZ4-2muNYTi-2hXGsZb-JJSty9-fQ6KEk-2n4faT7-2nhcfhT-2hXGt7W-JGS2wm-2hXGt51-FwYZoV-BuREiN-KsrRR9-yVY3ht-2n4faSL-UqSiYN-na4rTN-2hXFrPg-EGm81n-fQ6KQ8-fSbyAF-2hXGtx5-2hXGtdT-2hXBTSb-L75upH-DzoVgG-zb7wsE-Nz2Qqx-LBx9eb

19.10.2022 Скопје

Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, изјави дека „нема смисла“ да се задржи сегашното ниво на дипломатско присуство на земјата на Запад.

Лавров истакна дека нема смисла и немаат желба да го задржат истото присуство во западните земји, затоа што нивните луѓе работат во услови кои тешко може да се наречат човечки. Воедно, истакна дека тие се соочуваат со постојани проблеми, закани со физички напади.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека главното е што таму нема работа откако Европа реши да се затвори од Русија и да прекине каква било економска соработка.

Руското Министерство за надворешни работи, како што изјави Лавров, во моментов врши географска преориентација на своите активности и во странство и во централната канцеларија, што сугерира потенцијално намалување на дипломатското присуство на Русија на Запад.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author