31.10.2022 Скопје
Директорот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, изјави дека на Русија нема да и биде лесно да го замени европскиот пазар.
Русија ќе ја загуби енергетската битка што ја води против западот, истакна Бирол, и додаде дека оваа зима ќе биде тешка за целиот свет но следната би можело да биде уште по тешка.
Европа беше убедливо најголемиот пазар, најголемиот руски клиент, а Русија засекогаш го загуби овој најголем клиент, истакна Бирол, и додаде дека изградбата на целосно нови гасоводи до Кина или Индија може да потрае и до десет години и ќе бара многу технологија и инвестиции.
Шефот на ИЕА, Фатих Бирол, за меѓународната криза истакна дека тоа е криза од невидени размери и обем, која предизвикува пустош во сите делови на светот, и додаде дека континентот ќе може да ја преброди претстојната зима без поголеми штети на економски и социјален план, но само ако зимата не е премногу долга и премногу студена.
Подготвено од М.Н.