https://www.flickr.com/photos/pjvmartinsphotography/33830533348/in/photolist-TxujVJ-bZddZW-2jjdiZA-2nzAcDP-pkMWaT-MTFBRY-ViGQeF-uNJ3yS-2nMXyLE-WKL7yY-nAgpfG-D12BPn-YZP8sg-bZddDG-2nHJaEW-M7a15u-2cJwjZy-fkYBNK-xz5Xv6-2nHLqgz-2nHKNDR-2jD1pKd-2jD5Jwh-2nHXV31-2nJ159H-2nJ159n-2irKyn7-b1PTq6-2nJgCha-2jdpMtA-2mvnrqK-2iUWBwH-2hjTAub-2nHKq7R-8eVMxG-zamYLj-2nHSg8A-YCyGDn-EURuq-M7abw1-Tcgr8p-nWZSu7-KjNNZv-2nHR3e4-9kKe8i-2nHSg7J-2nJfXWm-2nydDSf-2nJ9xk2-2nHSUde

06.10.2022 Скопје

Во Генералното собрание на ОН, каде следната недела ќе биде разгледувана нацрт-резолуцијата против руската анексија на делови од Украина, Русија инсистира гласањето наместо јавно да биде тајно.

Во нацрт-резолуцијата која е подготвена од западните земји, се осудуваат руските така наречени референдуми и обидот за нелегалната анексија на четирите украински региони.

Во писмо на постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија, до земјите членки на Обединетите Нации, во кое се посочува дека ова е видно јасен провокативен развој, со цел да се продлабочи поделбата во Генералното собрание и дополнително да се отуѓат некои нејзини членови.

Според дипломатите најверојатно гласањето ќе биде јавно и не се согласуваат тоа да остане во тајност. Минатата недела Русија стави вето на слична на оваа нацрт-резолуција во 15-члениот совет на ОН.

Европската Унија засега спроведува широки консултации со земјите-членки на ОН, пред гласањето кое најверојатно ќе биде одржано во среда.

Подготвено од М.Н.

About Author