30.10.2022 Скопје
Русија побара Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи состанок во понеделник, на 31 октомври, на кој ќе се разговара за нападот врз бродовите на Црноморската флота во Севастопол, соопшти заменик-постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
Москва ја обвинува Украина за нападот, а Полјански рече дека Русија официјално го известила генералниот секретар на ОН дека по нападот го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за транспорт на украинско жито од пристаништата на Црно Море, бродовите на Црноморската флота во Севастопол ја осигуруваат безбедноста на бродовите што превезуваат украинско жито во согласност со Црноморската иницијатива.
Подготвено од М.Н.