https://www.flickr.com/photos/26989596@N05/49407690727/in/photolist-2igZk7F-2hhEM4e-pUXv4-2hKJK97-2hRmD9v-2ioHx22-9phfcv-51T3U3-9pkiWA-2jFuSfo-9phetH-2jFtXFj-4VTSZJ-8RJCSQ-2jBQUxd-4a5u3P-4VPFZr-29CvZy9-2aHUR1k-2aHUMGg-LXUxBP-NAkNLU-29kzxVv-NAkXqN-2aHUWrF-NAkJYd-27Y3GXu-LXUC6t-29kA2QZ-2aHUDzV-29kzMR6-LXUyQk-29CwgQN-LXUoeR-29CwfXL-2aDzqh5-2aHUF9r-2aDzfzQ-29kzNMV-2aHUBz2-LXUoXV-29kzW5a-29Cwq41-2aHVjeZ-2aHUz2B-27Y47Am-29CvSsL-2aHVjN4-29kA2dM-2aDztgw

14.10.2022 Скопје

Едукацијата, вложувањето во знаењето и развојот на практичните вештини кај жените од руралните средини во делот на претприемништвото е од особено значење за овие мали производителки на храна, затоа што преку развојот на нивното производство и преработка директно се вложува и во процесот на нивно економско јакнење, просперитет но и социјално вклучување во општеството.

По повод на утрешниот Меѓународен ден на руралната жена, во текот на денешниот ден во село Пишица, Пробиштип, Руралната коалиција организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за официјализирање на работата на Руралното женско лоби.

Вкупно 25 жени од руралните средини од мај до септември годинава беа вклучени во првата Меѓународна академија за жени претприемачки од руралните средини која се спроведува во земјава.

Со доделување на сертификате, ќе биде одбележен успехот на жените од руралните средини, но и ќе биде порачано дека токму тие жени се локални хероини во производството на храната, и секогаш треба да се почитува нивниот труд и да биде поддржан секој нивен чекор.

Подготвено од М.Н.

About Author