Image by wirestock on Freepik

19.10.2022 Скопје

Европратениците, во резолуцијата усвоена со 547 гласови „ЗА“, 49 „ПРОТИВ“ и 43 „ВОЗДРЖАНИ“, велат дека Советот треба да донесе одлука за интеграција на Романија и Бугарија во Шенген зоната за слободно движење до крајот на 2022 година. Ова треба да обезбеди крај на проверките на луѓето на сите внатрешни граници за двете земји.

Сметајќи ја Шенген зоната за едно од најголемите достигнувања на Европската Унија, европратениците ја критикуваа неможноста на Советот да донесе одлука за интеграција на Романија и Бугарија, кога овие две земји веќе неколку години ги исполнуваат сите барани услови.

Европратениците истакнаа дека одржувањето на контролите на внатрешните граници е дискриминаторски и има сериозни последици врз животите на европските граѓани, особено мобилните работници. Воедно, додадоа дека попречувањето на увозот, извозот и слободното движење на стоки на товарните пристаништа го поткопува функционирањето на внатрешниот пазар на ЕУ.

Во моментов, сите земји-членки, освен Бугарија, Хрватска, Кипар, Ирска и Романија, се дел од Шенген зоната, која исто така вклучува и земји кои не се членки на ЕУ, како што се Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Европратениците постојано повикуваат Романија и Бугарија да бидат целосно интегрирани во Шенген зоната, на пример во резолуцијата на оваа тема во 2018 година, во резолуцијата од 2020 година за ситуацијата на Шенген зоната во контекст на пандемијата и во годишната 2021 година. Оваа последна резолуција на Европскиот парламент е заклучок од расправата на пленарната седница на 5 октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author