znaminjata na eu i makedonija

25.10.2022 Скопје

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија оцени дека генерално има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 во однос на минатата година и останува делумно подготвена за спроведување на законодавството на ЕУ и европските стандарди во областа на правосудството и основните човекови права.

Европската комисија посочува дека Имплементацијата на судската стратегија е во завршна фаза и се подготвува нова стратегија. Законот за Јавното обвинителство продолжува да се спроведува доследно, со што се обезбедува одговорност за кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со нелегалното прислушување. Ова особено резултира со важни пресуди во случаи на високо ниво.

Во најновиот Извештај, Европската комисија оценува дека Државната комисија за спречување на корупцијата продолжува проактивно да го извршува својот мандат, додека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање.

Република Северна Македонија продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но има предизвици во спроведувањето на постојното законодавство.

Во Извештајот на Европската комисија, исто така, стои дека состојбата во затворите останува драматична и дека системските решенија за подобрување на условите за притвор треба да се спроведат со најголема итност. Воедно, слободата на изразување и плуралистичките гледишта продолжија да напредуваат, но предизвиците остануваат.

Според Извештајот на Европската комисија, на Република Северна Македонија и треба стратегија за понатамошни медиумски реформи, елаборирана со поддршка од сите релевантни чинители.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author