https://www.facebook.com/photo.php?fbid=520609440066764&set=pb.100063531371344.-2207520000..&type=3

10.10.2022 Скопје

На „Велешката питијада 2022“ која се одржа во текот на вчерашниот ден, беше поделена досега најголемата направена пита-пастрмајлија на оваа манифестација, во должина од четири метри, која беше поделена на 350 луѓе.

Претходно во 2017 година најголема Велешка пита, која беше подготвена од истите мајстори на пекара „Ќоше“ беше долга 3,5 метри, но оваа година со нови предизвици успешно беше зготвена уште подолга пита-пастрмајлија, и дојдоа до нов рекорд на овој настан.

Александар Миладиновски, кој е еден од мајсторите на оваа џиновска пита, најави дека догодина во план имаат да направат уште подолга Велешка пита, односно да биде 4,20 метри.

Џиновската пита била веднаш поделена на 350 парчиња, и сите посетители кои биле присутни на оваа манифестација имале чест да ја дегустираат истата.

Парите кои биле оставени од дегустаторите на оваа џиновска пита, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, истакнаа организаторите на оваа манифестација во Велес.

Подготвено од М.Н.

About Author