Image by DCStudio on Freepik

19.10.2022 Скопје

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на корона вирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии.

„Фокс њуз“ јави дека новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон.

Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е дека петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон. Воедно, се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта.

Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје.

Според научниците, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author