10.10.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден во едно интервју, албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за односите што ги има неговата земја со САД, Русија и Кина.
Објаснувајќи ги односите во минатото, Рама изјавил дека Албанија без никаков проблем може да опстане без Русија и дека нема никаков проблем да и воведат санкции. Воедно, Рама додаде дека причината поради која Албанија нема никаква врска и не сака да има со Русија е затоа што Русија ја има направено Албанија најпроамериканска земја. Објаснувајќи дека 50 години, Албанија била бомбардирана од утро до вечер, како и дека односите со Русија ги имаат раскинато во 1960 година, кога и Енвер Хоџа ја нарече Русија предавник.
Кога станува збор за односите со Кина, Рама истакна дека имаат нормални односи.
Подготвено од А.Ѓ.