21.10.2022 Скопје
Денеска во Брисел, бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека очекува народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да изберат преседател на Парламентот.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, истакна дека треба да се решат многу проблеми, многу закони се чекаат, важни државни органи работат во нецелосен состав или со поминат мандат. Доколку продолжат вака, според него, државата ќе ја доведат во целосна блокада.
Според Радев, шефот на државата може да даде мандат кога има структуирани пратенички групи.
Подготвено од А.Ѓ.