https://www.flickr.com/photos/valstskanceleja/51873961568/in/photolist-2n2VBHN-2n2Qi1m-2n2WRhq-2n2VBvJ-2n2WS4L-2n2VCof-2n2WRk6-2n2VBDj-2n2Veoq-2n4dNDt-2n48S26-2n4efsz-2n4efrn-2n2Veny-2n2YjgP-2n4hacf-2n2QhV6-2n2WRcL-2n2QiaV-2n2RLsy-2n2WG5u-2n2VBLo-2n2Yj6o-2n2WRnk-2n2WRnF-2nquhUo-2n2Ver1-2nqsE1L-2nqnPir-2nquizB-2nqt4nY-2nqtcSf-2nqvBdS-2nqrqTN-2nqnPH4-2nqt4Uu-2nqtcV1-2nqtXJW-2nqvBqF-2nqnQxf-2nquj7D-2nqt4Ad-2nqt42N-2nqryDj-2nqsEcT-2nqnPKD-2nqvBnz-2nqryGv-2nqtd7d-2nquipb

20.10.2022 Скопје

Во денешното обраќање пред Бундестагот пред самитот на ЕУ, германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека Германија е подготвена за зимата што се однесува до пополнетоста на резервоарите со гас и нагласи дека Путин погрешно пресметал кога мислел дека со запирањето на испораките на гас ќе ја подели Европа.

Германскиот канцелар изрази уверување дека Русија не може да победи во војната против Украина.

Во своето обраќање во пресрет на самитот на ЕУ, Шолц рече дека Германија успеала да обезбеди резерви гас и пред предвидениот рок на 1 ноември. Воедно, потенцира дека договорот за целта за заштеда на гас од 15 проценти на ниво на ЕУ е силен сигнал.

Според Шолц, најдобрата стратегија против зависноста од увезени енергенси е дополнително инвестирање во технологии кои користат обновливи извори на енергија.

Истовремено, ја бранеше германската програма за помош на граѓаните и економијата, која беше критикувана од некои членки на ЕУ.

Во дебатата што следеше по обраќањето на Шолц, опозициската десничарска популистичка Алтернатива за Германија (AфД) и партијата Левица побараа промена на ставот кон војната во Украина и прекин на испораката на оружје за Украина, со што, според нивното мислење, ќе прекине и војната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author