12.10.2022 Скопје
Водечката група индустриски земји (Г7), одржа состанок со украинскиот претсдател Володимир Зеленски, и вети дека ќе побара одговорност од рускиот претседател Владимир Путин, поради неодамнешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина.
Лидерите на групата Г7, исто така ја повторија својата поддршка за правото на Украина да ја врати целата територија која што ја зазеде Русија, и ветија уште подолема поддршка, вклучително и оружје.
Г7 исто така ги осуди неодамнешните нуклеарни закани на рускиот претседател Путин, и по состанокот, американскиот претседател Џо Бајден, изјави дека верува дека Путин ја има погрешно проценето својата војна против Украина.
Украина има легитимно право да се брани од руската агресија и да ја врати контролата на својата територија, истакна Бајден и потенцираше дека, иако верува дека Путин потапува рационално, неговите цели во Украина не биле рационални.
Групата Г7, потсети дека неселективнте напади врз невино цивилно население претставува воено злосторство, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе сноси одговорност за тоа.
Подготвено од М.Н.