31.10.2022 Скопје
Таип Реџеп Ердоган, претседателот на Турција, најави дека првиот турски електричен автомобил ќе се најде на патиштата во првиот квартал од следната година.
Ердоган изрази надеж дека првиот турски електричен автомобил ТОГГ ќе биде на патиштата во многу земји во светот како престижен турски бренд.
Во саботата, во провинцијата Бурса, Таип Реџеп Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворање на комплексот за масовно производство на турскиот електричен автомобил ТОГГ.
Подготвено од А.Ѓ.