30.10.2022 Скопје
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост, откако во вчерашното стампедо за време на прославата на „Ноќта на вештерките“ загина 151 човек.
Толпата која славеше во популарната населба Итаевон синоќа се втурнала во тесна уличка, соопштија службите за вонредни состојби, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Од многуте снимки кои излегоа на социјалните мрежи, се гледа ужасот на стотици луѓе, кои се натиснати во тесна уличка, неподвижни, додека лицата од итната медицинска помош и полицијата се обидуваат да им помогнат.
Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување.
Подготвено од М.Н.