13.10.2022 Скопје

Македонско-хрватското друштво (МХД) организира промоција на книгата „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ на авторот Зоран Пејковски, која ќе се одржи на 14.10.2022 година (петок), во хотелот „Лирак“ во Тетово, со почеток во 19 часот.

На промоцијата ќе говорат: доц. д-р Зоран Пејковски, автор; проф. д-р Димитар Пандев, рецензент и проф. м-р Роберт Вељановски, актер. Модератор на настанот е Марко Видачек, генерален секретар на Хрватски Форум.

Пејковски е автор на 24 драмски дела, на 25 збирки песни, 1 роман, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Во својата рецензија на книгата, професорот Пандев од Филолошкиот факултет во Скопје ќе наведе: „Хрватските театарски актери ќе ја продлабочат историската димензија на културните врски меѓу Хрватска и Македонија и ќе се вложат во културните достоинства на македонскиот театар. И ќе донесат дел од европската култура во Македонија. Трудот на Зоран Пејковски спасува од заборав многумина од нив, го освежува нивниот драмски подвиг и ја зацврстува историјата на македонско-хрватските културни врски во еден досега недоволно допрен сегмент“.

Македонско-хрватското друштво оваа година прослави 20 години од своето постоење во Тетово како и 29 години од формирањето на првото МХД во Скопје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *