31.10.2022 Скопје
Државниот завод за статистика соопшти дека бројот на работниците во индустријата во периодот од јануари до септември 2022 година, во однос на истиот период минатата година, е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 година бележи пад од 0,4 отсто.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2022 година во однос на септември 2021 година бележи опаѓање од 3,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2022 година во однос на септември 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти и Капитални производи за 7,3 проценти.
Подготвено од А.Ѓ.