21.10.2022 Скопје
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истака дека, со работењето на сите енергетски капацитети во државата и со мерките за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, се очекува да има доволно струја за сите.
Битиќи исто така истакна дека очекува конечно да биде успешен тендерот за Чебрен, што ќе претставува најголема капитална инвестиција во енергетскиот сектор.
Потпретседателот Битиќи, нагласи дека Владата им помага и на компаниите со обезбедување на финансиски средства преку кредитни линии за да се овозможи подобра ликвидност.
За 68 илјади компании имаме обезбедено загарантирана цена на струјата, но кај нас доаѓаат повеќе барања од компаниите на слободен пазар, а тоа се околку 1.360 компании, за кои се обидуваме да изнајдеме соодветни решенија.
Приоритет на Владата е да се задржат работните места, а за тоа мора да покажеме солидарност, се надевам дека ќе бидеме во можност, дека буџетот ќе биде доволен за да одговориме соодветно со пакет мерки за поддршка на сите, преговараме и разговараме секојдневно со сите компании и тоа нема да биде донесена мерка само за еден месец, туку неколку месеци, односно се додека трае економската криза, истакна Битиќи.
Подготвено од М.Н.