13.10.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден се одржа четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, и истата беше прекината поради тоа што Владата, синдикатите и работодавачите останаа на различни страни.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување на 10 отсто од платите која што беше единствено соопштена во јавноста, тој документ содржи уште неколку точки, меѓу кои и за намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, во Агенцијата за разузнавање, работа од дома на вработените со ротации а спред Владата спорни се и синдикалците и во план е суспензија или укинување на колективните договори.
Синдикалците од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека доколку дојде до таква одлука или било каков обид на Владата да ги укине или суспендира колективните договори, сите заеднички ќе се спротивстават.
Деаноски истакна дека државата има донесено пакет финансиски мерки, но да им биде помогнато само на одредена категорија на граѓани, и според нив тоа не е во ред бидејќи треба да се изнајде решение за помош на сите граѓани, но мора и да се донесат мерки со кои би се забавила инфлацијата привремено.
Подготвено од М.Н.