27.10.2022 Скопје
Матичната компанија на Гугл, Алфабет, извести дека во третото тромесечје има значително послаб раст на приходите, истакнувајќи го падот на огласувањето на Јутјуб поради намаленото трошење на компаниите поради падот на економијата
Приходот на Алфабет во третото тромесечје пораснал само за шест отсто, а во предходното тромесечје растот бил поголем за 13 отсто.
Алфабет предупреди дека огласувачите го намалуваат трошењето на Јутјуб, додавајќи дека поради намалувањето на трошењето на финансиските услуги на Гугл, ќе вработи двојно помалку работници од она што било во план.
Иако приходот од огласувањето на Јутјуб е намален за 1,4 отсто, сепак послабиот раст од приходите од рекламирањето зададе голем удар на очекувањата дека Гугл, најголемата платформа за дигитално рекламирање во светот според пазарниот удел, ќе остане нечепнат од ослабувањето на економските активности во целиот свет.
Подготвено од М.Н.