https://www.flickr.com/photos/nato/32589224396/in/photolist-RDNi2f-2dwjKgL-2dANb5p-RsXs5W-2cd8LZX-RsXs8G-2cd8LRF-2m5x1R3-2dANbe2-2dwjKqU-2hUR5Hr-2navHGr-27EmKNr-2m5tFTG-DKAfoV-2madyx9-2m5uHZk-27EmKER-2hUXidA-2hUXiex-DKAfba-22j5Ech-27WTrGC-DKAfrF-2nw8RS7-ZvB2Sj-TSJwoN-YDXztV-22jRVrq-2nx3znk-YgtiSm-FgGeeG-22jRVhs-DKAfma-DKAfgR-2hUSf68-2hUSf5m-2hUYh1x-2m5psWi-2m5z5NJ-Uvm3Rr-27FmmWP-2jUDy3m-2nvw8Yy-2eUr57u-2eUr56N-24nyF7H-282waLC-24nyF3z-222f9Jn

03.10.2022 Скопје

Прес-службата на бугарскиот претседател соопшти дека претседателот на Бугарија, Румен Радев, одбил да го потпише целокупниот текст на декларацијата на деветте земји од Источна Европа поради делот со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО.

На 2 Октомври беше потпишан документот од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.

Во соопштението објавено од агенцијата БТА стои дека Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО, потенцирајќи дека претседателот Радев ги поддржува другите позиции кои се наоѓаат во документот.

Во сосема поинаква безбедносна ситуација, Бугарија на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина.

Според бугарскиот претседател Радев, одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина, како страни на конфликтот, ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author