http://www.sud.mk/wps/portal/ssrm/sud/vesti/!ut/p/z1/tVZdd6IwEP0r9sHHnATCR3hkrdbD2q3WsiovPQFCSxVQQLrrr9_Qdk9XXBNdF15yEjJ3JjM3NwM9OIdeSqv4iZZxltIVny8849G40TREvqIRca4tZLsaHkzGD4pmanC2v-FGuSN8w51rWMOB6tgq9I7_tvo6_A496AXbPGdpCRdlvmVvC2m5Lp_hosgqVj4Wmy4qtmEXrbOAlSntoooVZdxFKsE0wgYBSqhaQMOBBmiEVBBhxYoMxVJppNVw6yAO4eKk3eLzGMLzXLu6LB9YmA_TaNofJry2R0c-G4n9W7p2Ufyu24j_TD6MbaH_IZblbyLM_1gWf-1A5P_ekNjzDZ44vUL7OsGC_KGxpP71hvPO37A3zvV_6EByn8X86wvta3q92wsILuGfIyswVzQ1v-3dPnFZoOUziNMog3MrQlwFdB9g3wyApmACfEVXgGrqqoE14puM1Kbxy2bj2VygsrRkP0o4f1eoZPmhUDva4WOxjDtvP7hk5awsWEhLtuqk-z_reZ500Um-Z7WOSZRWlltPJh5iF4YqiwFLNkwOEA75OUTiGlq9YzV8oVUa86T6tFrG_1SsPYTGFC44M83PqO6GA5NH1Vd0m0zUKQ97VsXsFbpplif85Zye-fA04BvMHiitwn_T24U3L4R3ZNf-eLUvax7ERe8JqnLSrW7A7zNdV_VW4ae43ehRu_Dq_4VvlFYRwFNiUBz5CgiD0AeaqTNACYsANZlCVEo4gxTxjUAj3Cq8brYbvdYuvHEhvCPrco7LBUs_5MLPd3FnFafLrOJisczyuOCPQf3S8JCC-K9rEk7ZgnMFJKIIMQpYQPm5cGgAykIL4NA3VBMzUw9N8Y0YjduFt5R24XG7yUEXwjuyzvsETn10G_423PGu8LPv2FtvTOG02MB14iYEJ8Dd--a7EZuB5X3_fvj6E6-qpOeT14fo9zADC6faffkmHDxff0oeb_v4z6Ek9tXVL6nNVqc!/dz/d5/L0lHSkovb0NRd0FBTjRRQUFFSUEhIS80TlZFL21r/

19.10.2022 Скопје

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во врска со информацијата која ја добила од медиумите дека е казнета со сума од 150 евра за непријавување на целосен имот во Антикорупциската комисија изјави дека нема обврска во анкетен лист да пријавува имот како сопственост.

Црвенковска очекува да добие информација од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и во жалбата до нив ќе каже дека нема сокриено и нема намера да сокрие никаков имот.

Претседателката на Судскиот совет, појасни дека со допис ја информирала ДКСК и за стечајната постапка и за затвoрањето на стечајната постапка и дека таа не може да стави имот во анкетен лист кој што не е во сопственост.

Подготвено од М.Н.

About Author