https://www.facebook.com/photo.php?fbid=640132454139621&set=pb.100044286166872.-2207520000..&type=3

03.10.2022 Скопје

После првичните резултати и изјавата на Јелена Тривиќ дека е победник на претседателските избори во Босна и Херцеговина сепар се случи пресврт, после избројаните целокупни гласови Додик е во водство а противкандидатката излезе со тврдење дека гласовите и се украдени.

Според парламентарните податоци на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој е кандидат на СНСД за претседател на Република Српска, води наспроти неговиот противкандидат Јелена Тривиќ од партијата ПДП.

Кандидатката на ПДП за претседател на БиХ, Јелена Тривиќ, изјавила дека ова не е само кражба во градовите во кои биле навикнати, туку дека ова е контаминиран процес во цела Република Српска.

Тривиќ изјави дека ќе дознаат на колку места се украдени гласовите бидејќи пресвртот се случил во текот на ноќта откако Централната изборна комисија објавила дека изборните одбори ги немаат доставено резултатите до системот.

Јелена Тривиќ изјави дека ќе бараат повторување на изборите на ниво на цела Република Српска, бидејќи резултатот на неточни гласови е многу голем.

Подготвено од М.Н.

About Author