25.10.2022 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, но информира дека веќе се подготвува документација за отварање на македонски културен центар во Благоевград и истакна дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада.
Ковачевски повика на присуство на отворањето на македонскиот центар од сите кои имаат можност, но порача да се внимава и да не се шири говор на омраза за да не бидат повредени чувствата на граѓаните, бидејќи културниот центар не треба да стане место на раздор како што се случи кај нас, туку за зближување на граѓаните, како во земјава, така и меѓу граѓаните на соседните држави, истакна премиерот Ковачевски.
Подготвено од М.Н.