05.10.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека пред Србија претстои тежок период и тоа ќе биде уште потежок од оној кој беше во деведесетите години.
Претседателот Вучиќ, на претставувањето на Собраните дела на Милорад Екмечиќ во Белград, истакна дека е загрижен поради глобалната ситуација која е предизвикана од војната во Украина.
Вучиќ истакна исто така, дека повеќе од било кога чувствува страв од она кое и претстои на Србија, и додаде дека верува дека до нова Сталинградска битка ќе дојде многу побрзо отколку што се мисли и дека останува прашањето „каде ќе бидат Србите, и што ќе остане да прават тие“.
Дали ќе успееме да го сочуваме левиот или пак десниот брег на Дунав за себе, не за некој друг, истакна претседателот Вучиќ. Екмечиќ добро знаеше што е она потребното за српското срце и српската душа, но и секогаш се сеќаваше на она кое е потребно и на српската глава, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Подготвено од М.Н.