18.10.2022 Скопје
Во последниот период медиумите објавија бројни истражувачки приказни за дивоградби по национални паркови и заштитени подрачја, во кои најчесто градат личности кои се пратеници од власта, судии и бизнисмени кои се блиски до власта. За дел од тие објекти со притисок од јавноста се издадени решенија за уривање и за прекин на градежните работи, но без никаков резултат досега.
Пратениците од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, во измените на Законот на шумите предложиле во член 75 да биде вметнат нов став со кој се бара забрана на поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици, во националните паркови на Македонија и неможност за било каква легализација на истите, односно дека тие објекти треба да бидат отсртанети или урнати.
За овој предложен амандман гласале само пратениците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од 110 присутни пратеници, 31 пратеник гласале „за“ овој амандман, а 47 биле против.
Од опозициската политичка партија истакнаа дека најголем број на пратениците од власта гласале против овој амандман, и дека толку е од борците за здрава животна средина и од зелена агенда, бидејќи самите ја уништуваат со незаконското дивеење, и со градбите на нелегалните објекти.
Подготвено од М.Н.