https://www.flickr.com/photos/gerardstolk/49592510118/in/photolist-2iyjztU-8d1sZW-72Lykb-eerFp5-bKG1Ki-edTMN-fanxvW-8Rvnyk-dSXJdZ-99s6E3-9u6Pux-JJfAY-UwwZ8B-bJXhQ-9SQVc-UwwRGK-UsUXMw-4RTM3d-2YE2Py-BQq8T-6CThme-9xziPg-Uk1ZY6-9JUAxW-ampKpJ-4STVFe-UsTGKE-UwwW7B-5x4LA1-ajpARK-r7pjGg-77pDPF-ThZBSB-Uk1X5v-7ScHqD-CpRXve-Uk2z3H-PCKWCf-ajpDDz-cRPZdo-UsUVjA-2Z42C8-2keiYgk-4jiDas-UsUEKf-6dy3WM-67yjWe-77cAK9-5xzvuC-4RCtrL

05.10.2022 Скопје

Рускиот енергетски гигант Газпром, соопшти дека повторно ги обновува испораките на гас преку Австрија, главно за пазарот во Италија, откако пристигнал договорот за регуларни измени со Австрија.

Газпром изјави дека со италијанските купувачи нашол решение за продажба на гас, откако се направиле регулаторни измени со Австрија, и Австралискиот оператор потврдил дека е спремен да го продолжи транспортот преку ЛЛЦ Газпром експорт, и со тоа ќе се овозможи рускиот гас повторно да тече преку Австрија.

Од друга страна пак, австралиската влада соопшти дека Газпром се уште ги нема потпишано потребните договори за да отпочне протокот на гас шреку нивната земја.

Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од предходните 40 отсто, а зголемен е увозот на гас кој Италија го увезува од северот на Европа и Алжир.

Подготвено од М.Н.

About Author