19.10.2022 Скопје
Новото истражување на јавното мислење на Институтот Кантар Паблик, нарачано од фондацијата Кербер, покажува дека мнозинството Германци, односно 68 отсто од нив, не сакаат нивната земја да биде воен лидер во Европа.
Истражувањето, исто така, покажа дека околу 80 отсто од Германците стравуваат дека војната во Украина може да се прошири на територијата на земјите-членки на НАТО, на балтичките држави или Полска.
Според истражувањето, повеќе од една третина од Германците, или 69 отсто од анкетираните, стравуваат од руски нуклеарен напад, 31 отсто од анкетираните се многу загрижени, додека 38 отсто се помалку загрижени.
Мнозинството анкетирани Германци го поддржуваат долгорочното зајакнување на Бундесверот, 60 отсто од граѓаните поддржуваат повисоки расходи за одбраната.
И покрај заострувањето на ситуацијата во светот, околу 52 отсто од анкетираните сè уште сакаат Германија да биде меѓународно воздржана.
Институтот за политичко-социјални истражувања „Кантар Паблик“ анкетирал 1.088 граѓани на возраст над осумнаесет години, во периодот од 2 до 11 август годинава.
Подготвено од А.Ѓ.