12.10.2022 Скопје
Откако се дозна дека ниту еден меѓународен договор, без разлика која област на заедничкиот живот ја канализира, или кои и да се неговите потписници, веќе не може да се смета за дефинитивен и одржлив долго време, се наметнува заклучокот дека е потребен нов глобален договор или светот ќе добие уште една светска војна.
Уште еднаш се покажа дека локални војни практично не постојат. Има само потесна или поширока територија на која се спроведуваат, и ништо повеќе. Интересите се секогаш глобални. Во помала или поголема мера. Американскиот воен ангажман на украинскиот фронт најдобро го потврдува тоа. Исто како некогаш на Балканот или на некое друго место во светот. Прашање е само кога да стапнете на топката, да размислите и да ја одмерите можната штета или корист.
Турските медиуми, во текот на вчерашниот ден вака, го пренесуваа ставот на рускиот претседател Владимир Путин.
Како што пишува српска Политика, Путин е подготвен да преговара и да бара нова глобална позиција на најголемата земја во светот.
Според турски висок функционер, конфликтот во Украина дефинитивно ќе заврши со договор, прашање е само како да се постигне.
Советникот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, смета дека и тој договор нема да се однесува само на украинско-руската гранична линија и меѓусебните односи, туку целта на Путин секако ќе биде да ги избрише годините во кои Западот ја користеше секоја можност да и наштети на Русија и да ја устоличи земјата што тој ја води на место кое по големината и по историско значење и припаѓа.
Калин изјави дека перцепцијата на Москва е дека Русија што го потпиша тој договор, односно Русија на Горбачов и Елцин, е минато.
Сега е сосема јасно дека Западот, поточно САД со своите европски сојузници, води војна во Украина до целосно уништување на Русија. Сепак, јасно е дека таквите амбиции не само што се претерани, туку и неостварливи во пракса. Со други зборови, дури и ако Русија во одреден момент попушти и се повлече, како што тоа го правеше во времето на Горбачов, тоа може да биде само привремено и новосоздадената атмосфера сигурно ќе доведе до нов конфликт, можеби и пофатален.
Во текот на вчерашниот ден, полковникот Марк Кансијан, советник во Центарот за стратешки меѓународни студии, има изјавено дека САД наскоро повеќе нема да можат да испраќаат ракетни системи Џавелин и Стингер и ХИМАРС и М142 во Украина, бидејќи тие би ги испразниле резервите и ќе ја загрозат сопствената безбедност.
Според проценките на експертите, Украина може да смета на 8.000 до 10.000 единици вакво оружје во следните неколку месеци, по што залихите ќе бидат исцрпени.
Српски дневен весник наведува дека Русија сигурно нема да може сама да создаде нов глобален договор. За тоа и треба поддршка од другите големи сили, пред се Кина, Индија, Бразил, Турција и други. За земјите од Европската унија овојпат нема да има многу места на преговарачка маса. Бесбедноста „исцедена“ со испраќање оружје во Украина, земјите од ЕУ во моментов не претставуваат соговорник кој би можел да излезе со конкретни барања. Вистинското отсуство на сопствени армии и неможноста за воведување санкции на која било голема земја, според српскиот дневен весник, ќе се покаже како голема стратешка неповолност.
Подготвено од А.Ѓ.