05.10.2022 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони се приклучуваат кон Русија.
Како што пренесуваат некои странски агенции, потегот на претседателот на Русија, Владимир Путин, ја финализира анексијата која е извршена спротивно од меѓународното право.
На почетокот на оваа недела, двата дома на рускиот Парламент ги имаа ратификувано договорите со кои Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат кон Русија. Формалностите следеа по организираните референдуми од страна на Кремљ во четирите региони, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни.
Подготвено од М.Н.