04.10.2022 Скопје
Јанез Ленарчиќ, европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.
За тоа дали постои опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа, Ленарчиќ изјави дека можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ. Воедно, истакна дека ЕУ работи на две сценарија, објаснувајќи дека ако само одреден број земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што е во случај на природна катастрофа. Но, доколку истовремено би биле погодени поголем број земји, така што не е можна взаемна помош, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви.
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи истакна дека Европската комисија во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.
Поготвено од А.Ѓ.