20.10.2022 Скопје
Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски, изјави дека е постигнат договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат.
Стојановски истакна дека трансферот на пари е направен, платата ќе биде поделена во текот на утрешниот ден.
Информацијата им е пренесена од градоначалничката на Град Скопје со која имале средба пред половина час.
Во соопштението од Град Скопје се наведува дека ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието. Воедно, го повикаа менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос, а од Владата и општините побараа во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови.
Подготвено од А.Ѓ.