07.10.2022 Скопје
Квалитетниот сон е многу повеќе од „ресетирање“ на организмот, односно обновување на енергетските нивоа и потребноит степен на концентрација во текот на денот.
Мозокот менува повеќе состојби додека спиеме, со цел да ги отстрани токсичните и метаболичните нуспродукти, кои ги оставила зад себе нервната активност во текот на денот.
Добриот сон е значаен од многу различни и здравствени аспекти, ги обновува на телото енергетските нивоа, го зајакнува имунитетот, и ја контролира телесната тежина. Добрата навика за спиење го подобрува во целост квалитетот на животот.
Бројни студии утврдуваат сериозни психички но и физичи проблеми поради нарушување на сонот, бидејќи нарушената навика на спиењето предизвикува оштетување на значителен број невронски и синаптички конекции, кои некогаш не можат да се вратат со подобрување на сонот.
Нарушениот сон делува на нашето расположение во текот на денот, ненаспаноста сите не прави нервозни, многу лесно раздразливи, тажни и без енергични, деконцентрирани и постојано изморени.
Нарушениот сон не води кон зголемување на стресот, стресот пак прави потешко да заспиеме и да имаме квалитетен сон, целата оваа ситуација не води кон непријатен циклус од кој излезот е многу тежок.
Според експерти кои воделе една студија за поврзаноста на неквалитетниот сон и стресот, резултатите утврдуваат одредена каузална врска помеѓу нарушениот сон и зголемената нервоза и за жал ваквиот ефект бил видлив по само неколкудневно нарушување на квалитетот на сонот.
Подготвено од М.Н.