27.10.2022 Скопје
Стресен момент за секоја личност е кога ќе примети дека во некој период премногу ја губи косата. Некои луѓе мислат дека така е поради агресивното третирање на методи за стајлинг на косата или пак стресни периоди поминати во блиска иднина, но вистинска причина е недостаток на витамини, и тоа недостаток на витаминот Б.
Од Б1 до Б12, секој од овие витамини има своја функција која прави секој поединец да се чувствува подобро, поенергично и пред се поздраво, но кога станува збор за косата најважни се Б2(рибофлавин), Б7(биотин), Б9(фолна киселина) и Б12 (кобаламин).
Недостатокот на витаминот Б2 може да доведе до сува кожа, губење на косата, плускавци на усните и многу повеќе, недостатокот на Б7 пак е многу редок бидејќи го има во многу намирници, и кога ќе се случи недостаток на овој витамин во повеќе случаи тоа е наследно.
Фолната киселина пак, односно витаминот Б9, ја штити кожата од разни влијанија од околината и помага во растот на косата, дури и во најтешки случаи, а витаминот Б12 е клучен за растот на косата, односно го стимулира растот на косата со учество во производство на црвени крвни зрнца кои ги хранат фоликулите на косата, а нивниот недостаток може да доведе до анемија, која е директно поврзана со опаѓањето на косата во голем обем.
Бидејќи човечкото тело не произведува витамин Б12, тој треба да се внесува преку исхраната или пак додатоци, но секако прво треба да се направи консултација со својот лекар.
Подготвено од М.Н.