https://www.facebook.com/PopovaShapka2020/photos/a.1027722770602325/2335663863141536

21.10.2022 Скопје

Ски сезоната на Попова Шапка ќе започне со поскапи ски билети и ист капацитет за скијање и инфраструктура како лани, откако ќе падне доволно снег.

За инсталација на вештачки снег се уште нема никакви најави.

Од „ЕЛЕМ Турс“, јавно претпријатие кое управува со ски центарот, велат дека цената на билетот е неопходно да се покачи, затоа што и струјата на која работат ски лифтовите е покачена. Воедно, најавија дека се подготвени за сезоната и истакнаа дека се водат разговори за пронаоѓање на стратешки инвеститор за Попова Шапка.

За тоа дали ќе стане збор за издавање на концесија на ски центарот, јавно-приватно партнерство или нешто сосема друго, директорот на „ЕЛЕМ Турс“ истакна дека последниот збор го има Владата.

Жарко Трпковски од скијачкиот клуб Љуботен и познавач на состојбите на центарот, вели дека не постои во светот таков инвеститор кој би инвестирал во Попова Шапка каде не се уредени имотно – правните односи, нема основна инфраструктура и има смет насекаде.

Досега за скијачкиот центар Попова Шапка и оваа и минатата власт, имаа направено голем број физибилити студии, мастер планови, економски анализи за развој на центарот, но тие засега се само на хартија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *