18.10.2022 Скопје
Владата го усвои предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Според планот на Владата, во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари, или вкупно 12.000 денари, предвидено е да добијат корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, како и други типови на социјално загрозени лица во земјава.
Од СДСМ велат дека сите пратеници во Собранието треба да го поддржат предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, со цел помошта кон граѓаните да започне да се исплаќа веќе следниот месец.
Подготвено од А.Ѓ.