https://www.flickr.com/photos/nato/27300313881

05.10.2022 Скопје

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, изјави дека Полска преговара со Соединетите Американски Држави, за да биде вклучена во програмата „Нуклеарно споделување“, која ќе овозможи некои сојузнички земји да добијат американско нуклеарно оружје, и доколку Вашингтон им одобри ќе можат да го употребат.

Полска нема нуклеарно оружје, и ништо не укажува дека наскоро може да добие, истакал Дуда, разговаравме и со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за да ни дадат таква можност, но темата остана отворена и без одговор.

Полскиот претседател изјавил дека руските закани со употреба на нуклеарно оружје, укажува на размислувањето доколку Русија не биде голема, светот можеби ќе престане да постои.

Во програмата во која треба да дадат заеднички одговор се вклучени и Германија, Белгија, Холандија, Италија и Турција, бидејќи тие земји имаат нуклеарно оружје во нивните бази, но може да го употребат само доколку се во рамките на заедничка одбрана со НАТО и со дозвола од САД.

Уште во мај оваа година, се споменуваше можноста за да се смени стратегиската концепција во НАТО и во нуклеарната програма да бидат вклучени и некои земји од источното крило на НАТО.

Подготвено од М.Н.

About Author