14.10.2022 Скопје
Бугарските пратеници бараат покрај руската, и македонската амбасадорка Агнеса Руси, да не биде поканета на свеченоста по повот конститутивната седница на бугарскиот парламент.
Конститутивната седница на 48-то Национално собрание е закажана на 19 октомври. Пратениците велат дека македонската амбасадорка не треба да влезе во Народното собрание, бидејќи нивната национална химна била исвиркана на фудбалскиот натпревар во Скопје.
Во текот на денешниот ден, на иницијатива на Демократска Бугарија, ќе има нова средба на која ќе се допрецизира ставот и за амбасадорката на Русија и за нашата амбасадорка, Агнеса Руси.
Пред четири дена македонската амбасадорка му ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател Румен Радев. Дали ќе биде сменета одлуката за присуство на нашата амбасадорка во Народното собрание по повод конститутивната седница се уште не е познато.
Подготвено од М.Н.