20.10.2022 Скопје
Гоце Георгиевски (35) кој игра како десно крило и е долго време член на македонската репрезентација, ја доби довербата од селекторот Кирил Лазаров и во овој подмладен состав заедно со голманот Никола Митревски (37) е највозрасниот член во репрезентацијата.
Георгиевски со своето искуство може да направи споредби на овој подмладен тим кој успешно настапува во квалификациите за ЕП 2024, со поранешните состави на репрезентацијата, и доколку е потребно на младите соиграчи да им даде некој корисен совет.
Македонската репрезентација првите два натпревари од квалификациите за ЕП со Луксембург и со Турција ги доби со висока разлика во резултатот, (38-24 односно 36-27), но во овие натпревари се работеше и за објективно послаби противници.
Она кое допрва ја очекува репрезентацијата е двомечот со Португалија во квалификациската група во март, и од тој двомеч ќе зависи дали македонската репрезентација ќе биде прва или втора во квалификациската група, секако двете места водат сигурно на Европското првенство , но сепак првото место има повеќе поволности за репрезентацијата.
Подготвено од М.Н.