17.10.2022 Скопје
Над 250 војници од 20 земји пристигнаа во пристаништето Плоче, и ќе учествуваат на воената вежба што ќе почне денеска низ цела Босна и Херцеговина.
Вежбата „Еуфор брз одговор 2022“ ќе трае до 22 ноември. Воената вежба ќе се изведува на различни урбани и рурални локации низ Босна и Херцеговина.
Портпаролката на Еуфор, Катарина Смит Барет, објави дека повеќе од 250 војници пристигнале во пристаништето Плоче со воени возила и опрема и најави дека наскоро ќе пристигне брод со друга група војници и опрема од Италија. Воедно, истакна дека дополнителните војници ќе учествуваат во тактички вежби и патроли и привремено ќе ја зголемат бројната состојба на Еуфор.
Подготвено од А.Ѓ.