https://mk-mk.facebook.com/jzuugak/photos/pb.404443192983331.-2207520000./5530609603699972/?type=3&theater

18.10.2022 Скопје

По повод Светскиот ден на менопаузата-18 октомври, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе биде организирана недела на бесплатни прегледи на пациентки кои се во менопауза.

Целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот кај секоја жена и да се промовира одржувањето на женското здравје и благосостојба. Најмногу важно е, како што се наведува, од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на пациентките да им се објасни се она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат соодветен совет и да се насочат кон дополнителни иследувања.

Секоја година во светски рамки се обележува овој ден на различен начин, предавања, трибини, советувања, со превентивни прегледи и дружби. Секоја година темите се од различен карактер и обработуваат по еден органски систем кај жените, оваа година фокусот е ставен на грижата на менталното здравје, односно расположението кај жените во менопаузата.

Подготвено од М.Н.

About Author