kosovo makedonija

16.10.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, денеска ќе засадат 13 дрва по повод 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека во паркот на Чаир симболично ќе се одбележат одличните добрососедски односи, традиционалното пријателство и тесната врска меѓу граѓаните на двете држави.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author