26.10.2022 Скопје
Додека голем број на луѓе во земјава бараат работа, многу бизниси се затвараат поради недостиг на работници, бидејќи најголем дел од барателите на работа се слабо образовани.
Младите реагираат дека работните места кои им се нудат се деградирачки и дека за плата која изнесува само 18.000 денари може да работи само некој кој има забрана за излез од државата.
Во последниот извештај на Европската комисија се нагласува дека невработеноста кај младината полека се намалува, но тоа не е затоа што младите се вработиле, туку бидејќи поголем дел ја напуштиле државата.
Експертите велат дека секоја понуда на работно место е со минимална плата и младите не се привлекуваат ниту со условите дадени за работното место, за нив воопшто ништо не е мотивирачки за да конкурираат за овие слободни места бидејќи тие услови ги минимизираат нивните желби или цели во животот.
Подготвено од М.Н.