https://www.freepik.com/free-photo/social-media-audience-crowd-filming-through-smartphones_17602101.htm#query=people%20with%20cell%20phones&position=10&from_view=search&track=sph

26.10.2022 Скопје

Експертите процениле дека повеќе од пет милијарди, од околу 16 милијарди, мобилни телефони во светот ќе бидат отпишани или фрлени оваа година и побарале материјалите што ги содржат повеќе да се рециклираат.

Истражувачкиот конзорциум ВЕЕЕ објави дека доколку би биле наредени еден врз друг, неискористените мобилни телефони би достигнале височина од 50.000 километри, или сто пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица.

Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти кои можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се оставени, фрлени или изгорени, предизвикувајќи значителна штета на животната средина и здравјето.

Мобилните телефони на крајот на животот се само врвот на ледениот брег од речиси 45 милиони тони глобален електронски отпад што не се рециклира.

Истражувањето покажа дека 46 отсто од домаќинствата чуваат мала електрична и електронска опрема затоа што можеби им е потребна, 15 отсто имаат намера да ја препродаваат, а 13 отсто ја чуваат поради „сентиментална вредност“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author