https://www.flickr.com/photos/mindfrieze/2196640900

03.10.2022 Скопје

Некои од западните аналитичари и медиуми оценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин ја ескалира војната во Украина и нуклеарната закана, но сепак треба да се разгледа дали се можни мировни преговори, во кои Кина и Индија можат многу да помогнат поради нивните интереси и мотивации, во време кога САД се подготвува да испрати воена команда во Германија за војната во Украина.

Во извештај од Вашингтон пишува дека американските аналитичари се разочарани и веруваат дека Путин ќе ја продолжи политиката на интензивирање на војната во Украина, иако се сметаше дека по анексијата на источноукраинските области, Москва ќе даде шанса на дипломатијата, отворајќи ја вратата за некои преговори со Киев.

Некои аналитичари забележуваат дека сега останува прашањето кои се стратешките цели на Западот во украинската војна, да спречи руска воена победа или да го собори Путин и да ја фрли Русија на колена, како што истакнаа највисоките американски претставници.

Според некои американски аналитичари, Пекинг и Њу Делхи треба да се охрабрат и да го искористат своето влијание на Москва за да се запре војната, бидејќи и кинескиот и индискиот лидер му порачаа на рускиот претседател дека тоа треба да се направи, да се запрат немирите кои се закануваат на светскиот мир и стабилноста, а особено Кина, иако Индија и помага на Русија економски да ги издржи западните санкции.

Американските аналитичари се согласуваат дека војната лесно може да се разгори уште повеќе, а американските стратези размислуваат што ќе направат САД и Западот доколку Путин употреби нуклеарно оружје.

Американските медиуми пишуваат дека Пентагон веќе се подготвува да воспостави Американска воена команда, за војната во Украина, во Германија. Воедно, пишуваат дека американските воени лидери подготвиле неколку сериозни планови во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина, вклучувајќи и директно влегување во војната на страната на Киев, воено сценарио кое Бајден беше многу решен да го избегне.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност, се закани со катастрофални последици доколку Русите користат тактично нуклеарно оружје во Украина.

Додека многу европски медиуми заклучија дека се уште необјаснетата експлозија во гасоводите „Северен тек 1 и 2“ внесе нови сомнежи за војната на европско тло, поранешниот шеф на полската Дипломатија, Радослав Сикорски, истакна дека Американците би можеле да стојат зад штетата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author