https://www.facebook.com/photo.php?fbid=681030666721180&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

27.10.2022 Скопје

Вчеравечер, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојуваше во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за текот на европските интеграции на Република Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, ситуацијата во регионот на Западен Балкан, особено во светло на руската воена агресија врз Украина и економските и енергетските последици кои таа ги предизвикува.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски бил информиран за пакетот за енергетска поддршка од Европската Комисија за регионот на Западен Балкан, со цел заедничко купување енергенси со земјите од ЕУ. Потенцирајќи ја важноста од европската солидарност, тој ја поздрави помошта за обезбедување на енергетска стабилност на нашиот регион, која ќе влијае на ублажување на последиците од економската криза, информираат од претседателскиот кабинет.

На средбата, претседателот Пендаровски го поздравил потпишувањето на македонски јазик на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС), со кој се овозможува подобра заштита на границите и безбедноста на македонските и граѓаните на ЕУ, преку брзо распоредување на странски полициски службеници и опрема.

Во однос на евроинтеграциите, Пендаровски рекол дека се вложуваат максимални напори од страна на сите државни институции за успешно завршување на скрининг-процесот, како прв чекор во процесот на преговори и дека земјава е подготвена за исполнување на реформите во клучните поглавја. Во таа насока, како што соопштија од кабинетот на претседателот, тој се заблагодарил за поддршката од Европската Комисија и посочил дека динамиката на средбите ја потврдува посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, што позитивно влијае врз севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз еврооптимизмот во нашите општества.

Претседателот Пендаровски ја информираше претседателката фон дер Лaјен, дека наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор при постојаната мисија на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *