03.10.2022 Скопје
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека реториката помеѓу Северна Македонија и Бугарија во последниот период е смирена за што како причина ја наведува усвоената преговарашка рамка.
Пендаровски изјави дека со Бугарскиот преседател, Румен Радев, сака да разговара за реалните европски теми, како што се економијата, инфраструктурата, за историските теми нема намера да патува во Софија бидејќи за тоа постојат специјални тимови за историски прашања.
Пендаровски истакна дека кога се разговара за европски интеграции, не треба да се концентрираат на историјата, но за жал од 2019 година, Софија ја претворила таа тема како предуслов за напредување.
Претседателот Стево Пендаровски, додаде дека нема добиено мандат во 2019 година за да ја враќа државата назад во 19 век, да зборува за Цар Самоил, или за нешто од 10 или 11 век, и истакна дека му е мило што во преговарачката рамка, историјата се споменува само во делот на билатералниот договор и Комисијата на историчари.
Подготвено од М.Н.